Со петтото продолжение од мудростите на Лана ја завршуваме нашата рубрика Јазични мостови. Но ништо не се знае, можеби Лана или некое друго девојче или момче имаат нови анегдоти, смешни случки и интересни доживувања што ќе ги споделат со нас, па тие ќе си најдат место во некоја нова рубрика. Сега ни останува да очекуваме дека можеби сите овие случки од Лана, преведени на македонски, ќе си најдат место во една книга што ќе им биде достапна на македонските јазик на младите читатели. 


МАМО, СЛУШАЈ!

Лана: Го потсетив Лука да си ги измие рацете. Двапати заборави, еднаш и сега.
***
Разговараат Лана и тато…
Лана: Кога ќе имам момче…
Тато: Кога ќе имаш момче, јас ќе го изедам…
Лана: Да го изедеш моето момче? Нема шанси. Ќе те каратизирам.
***
Разговараат Лука и Лана:
Лука: Добро Лана, сто пати го кажа тоа.
Лана: Па, за да ти биде јасно.
***
Другарка ѝ на Лана спие кај нас и ги слушам како шепотат затоа што им е интересно и не им се спие. Го дозволувам тоа затоа што е многу интересно да ги слушаш додека тие мислат дека никој не ги слуша и се сеќавам дека и јас го правев истото тоа, кога бев мала.
***
Хана ја прашува Лана: Како изгледа дедо ти?
Лана: Па, знаеш, онака ќелав.

***
Тато: Одлично си го сработила ова.
Лана: Па нормално, јас сум начитана.
***
А зошто сѐ уште не сум голема? Имам пет години, ми падна заб, научив да гледам наопаку! Што уште треба да направам за да пораснам?

***
Ѝ кажувам на Лана дека нема да оди во градинка за време на празниците и дека ѝ почнува распустот. А таа вели: E тоа е животот што го чекав!
***
Лана: Ќе ми купиш патики за фудбал?
Мама: Зошто ти се пак тие сега?
Лана: Дали е во ред, девојчиња да играат фудбал?
Мама: Да, во ред е.
Лана: Па тогаш не гледам кој е проблемот околу патиките.

***
Мамо, јас не можам да ти ветам дека ќе бидам мирна, затоа што нема да издржам. Јас секогаш правам по свое.

***
Работам нешто и во моментот сум зафатена. Ја замолувам Лана да исчисти околу кучето Понго.
Лана: Aj малку подоцна.
Мама: Подоцна, можам и јас.
Лана: Супер, тогаш.

Превод од српски јазик:
Филип Димкоски