Јазични мостови (2)
И во овој број на „Колибри“ повторно ќе ве насмееме со мудростите на малата Лана што нејзината мајка Ивана Папеш Богосављев, која е наставничка и писателка, ги собра во книгата „Мамо, слушај“, која на српски јазик ја објави Банатскиот културен центар од Ново Милошево.
Инаку, Лана живее дури во Србија, во градот Суботица. Многу сака да игра, да пее, да се дружи, да се забавува, да трча, да спортува…Често од нејзиното срценце и од нејзиното мозоче излегуваат „бисери“, кои вие можете да ги прочитате на нашите страници.
МАМО, СЛУШАЈ!
Денес во градинка бојадисувавме јужно овошје. Но јужното овошје се јаде, а не се бои, па не ми беше јасно.
***
Лана со тато гледа цртан филм и на цел глас ја пее песната „Хакуна матата“. Тато ѝ вели: Ти си една мала Хакуна матата. Лана одговара: Не сум. Јас сум Хакунама Лана!
***
Лана: Мамо, ти не можеш да си играш со мене. Ќе можеш дури кога ќе бидеш мала како мене.
***
Разговараат Лана и постариот брат:
Лана: Како помина кај докторката? Што ти рече?
Лука: Ми пропиша лекови. Ми рече да мирувам.
Лана: A дали ти рече докторката дека не смееш да ме малтретираш?
***
Лана среди си ја собата.
Ама зошто, кога повторно ќе направам неред.
***
Ѝ пуштам на Лана цртан филм во спалната соба. Таа оди до својата соба и се враќа по неколку минути. Ставила парфем, ѓердан околу вратот и лабело на усните.
Што ќе ти е сега тоа?
Се намонтирав за на кино.
***
Ѝ приоѓам на Лана и ѝ велам: Te сакам!
Лана: И јас тебе, но сега не е време да се сакаме, зарем не гледаш дека си играм.
***
Лана, како си помина кај баба ти?
Одлично беше, додека вие не дојдовте.
***
Толку те сакам што тоа не е нормално.
Лана: Не е нормално да го сакаш своето дете?
***
Лана: Мамо, ме боли главата.
Мама: Уморна си!
Лана: Неее… морам повеќе да си играм. Тоа е проблемот.
Превод од српски на македонски:
Филип Димкоски