Драги другарчиња, драги читатели на најубавиот додаток за деца „Колибри“, знам дека секој вторник со нетрпение чекате да стигнат новите содржини што ги подготвуваме за вас и да се забавувате, да се информирате и да научите по нешто. Од овој вторник па натаму ќе имате можност преку читање да се дружите со едно девојче што се вика Лана. Лана не живее во Македонија. Таа живее дури во Србија, во градот Суботица. Како сите вие, така и Лана многу сака да игра, да пее, да се дружи, да се забавува, да трча, да спортува… Возрасните велат дека Лана е немирна, а Лана е само едно паметно, весело и разиграно девојче.

Лана многу зборува и често од нејзиното срценце и од нејзиното мозоче излегуваат „бисери“. За среќа, нејзината мајка Ивана Папеш Богосављев е наставничка и писателка, па додека Лана „мудрува“, мама Ивана ги запишува мудростите. Така настана книгата „Мамо, слушај“, која на српски јазик ја објави Банатскиот културен центар од Ново Милошево. За да се запознаете со Лана и со разговорите меѓу неа и мајка ѝ, да се смеете, да учите и да размислувате, решивме да ја преведеме делче по делче и секој вторник да ви подаруваме нови анегдоти.
Пријатно читање.

Ваш,
Филип Димкоски

Возрасните велат Лана е немирна, а таа е само едно паметно, весело и разиграно девојче

МАМО, СЛУШАЈ!

За време на попладневното наше заедничко играње, додека јас попатно ги подготвувам наставните планови за наредниот учебен ден, за училиштето во кое предавам, Лана, ме прашува: „Како ти си учителка, кога си мајка?“

***
Лана те молам биди мирна.
А јас те молам да разбереш, дека не сакам да бидам мирна.

***
Еднаш по грешка, измешав разна облека, па во машината за перење алиштата се обоија црвено. Наредниот ден, ставам валкани алишта во машината за перење, а Лана доаѓа до мене и ми вели: „Oстави, јас да ти помогнам, за да не ги обоиш како минатиот пат“.

***
Слободен петок во градинката. Децата ги носат своите омилени играчки. Сите девојчиња носат кукли и кадифени играчки, а мојата Лана, носи багер!

***
Лана, што правиш?
Ништо, ама немој да доаѓаш.

***
Лана, застанува на вагата за маса и вели: „Мамо, се измерив. Колку километри имам?“

***
Мамо, јас и ти сме другарки и затоа мораш да ме пуштиш, да те нашминкам.
По шминкањето…
Ете, гледаш колку си убава, како мала пудлица.

***
Мамо, дали се викав Лана и кога бев бебе?

***
Денеска не шетав многу, па не ми смрдат нозете.

***
Мамо, ми се гледа приказната Рибица и Марица.

***

Мојот татко има долги мускули, голем стомак, големи нозе и огромна глава. Лана го опишува тато.

Превод од српски на македонски јазик:
Филип Димкоски