Од творештвото на писателката Соња Драгољуб Гиздавиќ

Детството го прелетуваат
на крилати ати.
Чиниш сказна
од сребрени ѕвончиња
ѕвони…
А, секој од нив
во улица има
своја принцеза.
Соњче, Љупка или Тереза…

По некое
непишано правило,
катадневно
тука, на скверот
наминуваат.
Со тротинет,
ролерки
или сличен некој хит.
И само за миг,
мисли
несетен од некој,
ќе фрли поглед скрит
на својата принцеза,
па,
книжулче едно
ќе и тутне в рака,
стопати препишувано…
Ах,
Колкава мака!
А,
Тајната
и врапците веќе ја знаат:
Некој некого сака…
Некој некого сака…

(Од книгата „Љубовта во седмо-три“)