Во неделата се емитуваше премиерната емисија од новиот проект на Ивце Пивце, наречен „Ивце Пивце и другарите“.
Емисија богата со многу интересни содржини, едукација, екологија, занимливости, хумор, прекрасна музика, гости…
Во премиерната емисија се разговараше за 20 октомври – Светскиот ден на јаболката; се одбележа годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, Робин Кук, Јохан Штраус Помладиот…
Гостин во првата емисија беше Мето пантомимичарот. Убава изведба, убав разговор и краток курс по пантомима за сите учесници во емисијата.
– Во време на потполна доминација на возрасните и темите што нив ги интересираат, да им дадеме шанса и на децата. Да видиме што мислат тие за нивниот живот и секојдневие; за екологијата и економијата; за училиштето и учителките; за домашните и петките; за родителските и екскурзиите; за ужинките и униформите; за Македонија и светот…
АКО НЕ СТЕ СО НАС – НЕ СТЕ СО СИТЕ! – ни изјави Ивица Маринковиќ, попознат како Ивце Пивце, идејниот творец на проектот.
Премиера на емисијата во недела во 9.30 ч., реприза наредната сабота исто така во 9.30 часот, само на телевизијата Канал 5.