„Мал театар“ од Прилеп во саботата, точно напладне, премиерно ја прикажа претставата за деца „Ивица и Марица“, во која играат Димитар Црцороски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска и Александар Тодески. Музиката е на Томе Темелкоски, а пееше Александра Трајческа.
Најмладите ја преполнија салата на центарот за култура „Марко Цепенков“ и уживаа во згодите и незгодите што има се случуваа на главните ликови. На крајот со голем апалуз ги наградија актерите.
Ова е трeта претстава на Мал театар – Прилеп, по реализациите на „Силјан Штркот“ и „Новогодишна бајка“, со што полека се етаблира како театар што подготвува претстави за најмладите. Претходно, во почетокот на јуни, го реализира и фестивалот за претстави за деца „Силјан Штркот“, со поддршка на општината Прилеп.