Ете, пристигна ова наше големо бело злато. Зимата за нас е најубаво годишно време. Самата си има свои убавини. Убава е затоа што целиот град е прекриен со бела снежна покривка, исткаена од бели, кристални снегулки, кои нежно паѓаат на земјата. Исто така таа е убава со своите новогодишни празници, затоа што ние децата добиваме подароци и едвај чекаме да дојде Нова година. Убава е за игрите во снегот, правењето снешко, зимските спортови, како на пример лизгањето на мраз, скијањето и друго.
Во зима е зимскиот распуст. Сега ќе може да се одмориме од напорната работа и да уживаме во чистиот планински воздух и снежните детски игри без крај. Ние, учениците од 3-в одделение при ОУ „Јан Амос-Коменски“ – Скопје најтопло ве поздравуваме.
Ваши верни читатели: Петар, Димитар, Сара, Алексеј, Андреј, Ања, Андреја, Вероника, Ангела Т., Максим, Јован, Ангела Ц., Ведран, Лука, Мила, Лазар, Ведра, заедно со одговорните наставници: Роза Василевска и Славе Павловски.