Од творештвото на писателот Васил Мукаетов
Вест за децата,
на ТВ јавуваат:
Во нашата зоолошка
диносауруси пристигнуваат.
Најавата точна
а сѐ почна,
кога и последниот чувар
се огласува:
-Вакво нешто ни недостасува.
Овие џиновски рептили
пред милиони години
биле живи.
Каде нога стапнувала
трева не никнувала.
Овие и ќе кликнуваат,
Ќе мрдаат, ќе се движат.
Тие што ги посетуваат
децата не смеат да мижат.
Плашење?
На памет не ни доаѓа,
а ти се снаоѓаш.
Малку прочитување за потсетување.
Колку
за запознавање
и прво сеќавање.
Составени од вештите раце
верни копии ќе бидат.
Не е важно.
Диносауруси се диносауруси
и треба да се видат.
(Од ракописот „Има ли страна петта“)