Фотовест

По цели 40 години од основањето на детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани, неодамна првпат беа поставени нови, современи играчки и реквизити за најмладите. Со заложби на локалната самоуправа и на првите луѓе на градинката, оваа образовна установа за најмалите жители на ова познато туристичко гратче деновиве забрзано прераснува во весело и безбедно детско катче. Ст.К.