Во издание на Здружението на книжевните преведувачи на Црна Гора неодамна излезе од печат книгата за деца „Волшебни крила“ од македонскиот писател Наум Попески.
Станува збор за избор од поезијата во превод на Душан Гуришиќ, познат писател за деца и преведувач од Црна Гора, долгогодишен претседател на Здружението на писателите за деца во оваа за нас пријателска земја.
Наслов на оригиналот е „Чаробна крила“, а меѓу кориците на оваа книга има над 70 песни за деца од Наум Попески, во кои се опејуваат природата, љубовта кон татковината, децата низ нивното секојдневие.