КРЕАТИВНО КАТЧЕ
Учењето на децата низ игра е најкорисно и најзабавно со креативен процес. Многубројни светски истражувања покажуваат дека токму работата со глина или со пластелин е корисна за децата од предучилишна и училишна возраст. Конкретно, кај децата од тригодишна возраст ги развива фината моторика и фантазијата, придонесува за развој на говорот и овозможува детето да добие самодоверба.
Концептот на веселата глина на „Џампинг клеј“ (Jumping Clay) оди неколку чекори понапред и ја дополнува листата со придобивки од работата со глина, истовремено ги надминува сите негативни страни на другите слични производи на пазарот. За тоа колку е корисна работата со веселата глина доволно зборува фактот дека во светот се користи и во терапевтски програми за рехабилитација на некои пациенти со физички и ментални пречки.
Со нашата весела глина, најмалите креативци на курсевите за предучилишна возраст, со помош од сертифицирани инструктори, прават фигури. Нашиот слоган е: „Глината не е само да се гмечи и сучи, со неа се игра и се учи“. Ова претставува креативен и забавен процес на едукација, низ кој најмалите ги развиваат сите вештини, кои потоа ќе им бидат корисни кога ќе одат на училиште. Децата низ работата со глината ги учат различните бои и форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина. Низ целиот процес на гмечењето на глината, без да почувствуваат замор и без да им е здодевно, тие учат, набљудуваат, анализираат, решаваат проблеми… Особено е важно што почнуваат да размислуваат сами, развиваат свои идеи, стекнуваат самодоверба, стануваат љубопитни и ги развиваат и ги подобруваат друштвените интеракциски вештини кога работат во група.
„Џампинг клеј“ има девет основни бои, кои многу лесно се мешаат и создаваат неограничена палета на бои. На тој начин малите генијалци ги развиваат својата креативност и фантазијата, па истите тие ги применуваат во практиката. Детските уметнички вештини се подобруваат, бидејќи веселата глина е мек материјал, што придонесува за подобра емотивна состојба, бидејќи е особено пријатен за работа.
Веселата глина „џампинг клеј“ потекнува од Јужна Кореја. Таа е создадена по 25 години темелно истражување и развивање, по што основачите дошле токму до оваа полимерна смеса за моделирање, која е уникатна и иновативна. Откако ќе се направи посакуваната фигура, само се остава на воздух да се исуши, бидејќи нема потреба да се пече. Оваа уникатна полимерна глина со мирис на јасмин не предизвикува алергија, ги има поминато сите тестирања на храна, не содржи глутен и не е токсична, дури и доколку случајно се стави во уста или се проголта. Веселата глина содржи наносребрена технологија, која го спречува ширењето бактерии, и антибактериски честички што ги чистат детските рачиња. Не прави неред, а кога од неа ќе се направи топка, веселата глина потскокнува. Оттука е и веселото име.
Многу важна информација за сите креативци!
Секој сет на „џампинг клеј“ содржи код за скенирање.
За неколку секунди го добивате видеото со инструкции за изработка на вашата играчка.
Во „Џампинг клеј“ може да ги прославите и најубавите родендени на целиот свет! Прославете го вашиот РОДЕНДЕН на најинтересниот и најсигурен начин! Концептот „Џампинг клеј“ ви овозможува прослава на вашиот роденден како што слават нашите другарчиња во 46 земји во светот.
Специјалната програма е за подготовка на деца за прво одделение, на возраст од пет до шест години.
Во нашиот креативен центар можете да изберете и од следните активности:
– згрижување деца на возраст над пет години (дневно, неделно, месечно, работење по програмата „Џампинг клеј“);
– креативно-едукативни курсеви по „Џампинг клеј институт оф арт“ (Jumping ClayInstitut of Art) (со физичко присуство), еднаш или двапати неделно;
креативно-едукативни курсеви по „Џампинг клеј институт оф арт“ (онлајн) еднаш или двапати неделно;
– индивидуални работилници (со физичко присуство);
– саботни тематски работилници (со физичко присуство);
– теренски родендени (едукативна креативна работилница, во која се вклучени сите материјали).