Учениците во Велика Британија веќе учат математика, наука и историја, но стотици училишта се подготвуваат да ја прошират традиционалната наставна програма со новиот предмет свесност.
Во 370 англиски училишта, учениците ќе почнат да практикуваат свесност како дел од студија за подобрување на менталното здравје на младите, соопшти британската влада.
Тие ќе работат со експерти за ментално здравје за да научат техники за релаксација, вежби за дишење и други методи, кои ќе им „помогнат да ги регулираат своите емоции“, се вели во соопштението на Владата во кое информира за програмата.
Целта на програмата е да се проучи кои пристапи најдобро функционираат за младите луѓе во свет на брзи промени. Владата вели дека студијата, која ќе трае до 2021 година, е една од најголемите од ваков вид во светот.
– Како општество, ние сме многу поотворени за нашето ментално здравје од кога и да е порано, но современиот свет донесе нови притисоци за децата.
Тие ќе почнат постепено да се запознаваат со прашањата околу менталното здравје, благосостојбата и среќата уште од почетокот на основното училиште – изјави британскиот секретар за образование Дамјан Хиндс.