„Блаже Конески“,
училиште мое златно…
Без тебе не знам што
би правел јас…
Во тебе си учам
и сѐ ќе си научам.
Со другарчиња се дружам,
понекогаш се карам,
па се мирам… и
затоа не сум сам!
Колку точно во ова
училиште уште ќе бидам
јас… не знам.
Ама… знам
дека тука, со другарите,
детството мое
ќе си го поминам…
Напишал: Филип Крстески (9) ученик во четврто 2 одделение во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје