Песна за мама

Осми март е празник
ни доаѓа веќе ете,
со радост и јас го чекам
како секое друго дете.

И песна си напишав сама
со љубов, со моја рака
за да ѝ кажам на мама
колку многу ја сакам

Честит празник мамо
среќа и радост да те краси,
тоа го сакам само
жива и здрава да си.

Александра
Димитрова,
трето
одделение
во ООУ
„Маршал
Тито“,
с. Муртино
Наставник:
Верка
Урдовска