На задоволство на најмладата публика, како и за повозрасните љубители на анимирани филмови, продолжението на хитот „Снежното кралство“ наскоро доаѓа во кината. Во омилениот анимиран филм, сестрите Елса и Ана повторно се дружат со својот пријател Кристоф. Новата авантура сега го води триото
подалеку од кралството Арендел, а ним им се придружуваат и снежниот човек Олаф и ирвасот Свен.
Во новиот трејлер на филмот се гледа како Елса и Ана се враќаат во минатото кога биле мали и слушале волшебни приказни за една маѓепсана шума. Елса раскажува како слуша глас што ја прогонува и за да го спаси кралството мора да открие кој ја повикува. Почнувајќи со нова авантура, славните сестри
завршуваат во маѓепсаната шума, за која слушале како мали девојчиња.
Во „Снежното кралство 2“ се враќаат сите ликови од првиот дел, чии гласови ги позајмуваат Идина Мензел, Кристен Бел, Џош Гад и Џонатан Гроф.
Продолжението на анимираниот филм е во режија на Кристофер Бак и Џенифер Ли.
Првиот дел на „Снежното кралство“ заработи повеќе од една милијарда долари низ светот, а освои и „оскар“ за најдобар анимиран филм, како и за најдобра оригинална песна „Let It Go“.
Премиерата на „Снежното кралство 2“ е закажана за 22 ноември.