Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи, а во чест на градот Скопје – „Го градам мојот град 2018“.
Оваа манифестација има цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, а наедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.
Секоја градинка, како и секоја година, ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи, природни материјали како лисја, дрвца и друго).
Манифестацијата ќе се одржи утре, во просториите на детскиот културен центар „Карпош“, со почеток од 10 часот.
За градинките учесници на оваа манифестација се предвидени симболични подароци во знак на благодарност и соработка.