Ирската комична драма „Четири мајки“ ќе биде прикажана на церемонијата на отворање на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Сиетл, откако беше избран за најдобар филм од публиката на Лондонскиот филмски фестивал.

Романописец што се бори да преживее е принуден да се грижи за три ексцентрични постари жени и за сопствената мајка, за време на хаотичен викенд во Даблин, кога тие одеднаш се појавуваат на неговиот праг.

Овој филм е исто така еден вид римејк на наградуваниот италијански филм „Пранцо ди Ферагосто“ од 2008 година.

Режисер на „Четири мајки“ е Дарен Торнтон. Ова е неговиот втор долгометражен филм по наградуваниот „Ден за лудата Мери“ од 2016 година.