Пронајдени се и главните актери за новиот проект од кој се очекува многу – серијата „Хари Потер“. Новите холивудски лица – Доминик Меклафлин, Арабела Стентон и Аластер Стаут ќе бидат Хари Потер, Хермиона Гренџер и Рон Визли. Да ве потсетиме, во филмовите овие ликови ги играа Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт.

Инаку, снимени се осум филма, секој од седум книги напишани од Џ.К. Роулинг – „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Огнениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот Принц“, „Хари Потер и Реликвиите на смртта: дел 1“, „Хари Потер и Реликвиите на смртта: дел 2“, како и три филма „Фантастични ѕверови и каде да ги најдете“, „Фантастични ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд“ и „Фантастични ѕверови: Тајните на Дамблдор“.

Снимањето на оваа нова серија под продукција на Ејч-би-о ќе започне следната година.