Сабина Бојер, студентка по филмско сценарио на Универзитетот „Асбери“ во Кентаки, САД
Зошто оваа победа е толку важна за другите филмски режисери во подем? За првпат во историјата на Холивуд пресудата е на страната на независните анимирани филмови. „Златните глобуси“ покажаа дека повеќе не е важен буџетот во анимираните медиуми, ниту пак совршениот квалитет на самата анимација, туку срцето на приказната што се раскажува. Победата на „Тек“ за најдобар анимиран филм е доказ дека на раскажувачите не им треба огромна продуцентска компанија или најскапа технологија за да направат нешто што може да го достигне врвот. Таа нова реалност, онаа на надеж и потенцијал за независните, ја одразува приказната за самиот филм во нејзиното охрабрување на потценетите
Во моментот кога „Тек“ ја освои наградата „златен глобус“ за најдобар анимиран филм на 5 јануари 2025 година, правилата за тоа како да се успее во анимираната филмска индустрија се променија засекогаш. „Тек“ е слатка замислена аномалија на филм. Центриран околу осамена мачка, тој ја раскажува приказната за тоа што се случува кога огромна поплава го покрива светот, принудувајќи ја мачката да се здружи со четири други животни за да преживее. Тие се однесуваат како вистински животни. Низ целиот овој 82-минутен филм не може да се најде ниту еден збор или дијалог, оставајќи ја приказната да се раскаже преку прекрасни визуелни ефекти, прекрасна музика и повремено мјаукање. Номинацијата за „Тек“ за „златен глобус“ привлече големо внимание кога беше првпат објавена на 9 декември 2024 година. Режисерот на филмот, Гинтс Зилбалодис, беше големо изненадување меѓу имињата што беа номинирани. Додека неговите други дела и кратки филмови добија одредени критички пофалби, „Тек“ е само неговиот втор долгометражен филм, податок што сигурно го издвојува.
Конкуренцијата на „Тек“, во која беа вклучени „Дивиот робот“ на „Дримворкс“ и „Внатре надвор 2“ на „Пиксар“, лесно го засени независниот филм во однос на репутацијата и признанијата, оставајќи многумина изненадени што „Тек“ воопшто успеа да добие номинација.
Да беше тоа сè што имаше во приказната, ќе беше доволно инспиративна, но тоа беше само почеток. Победата на „Тек“ за најдобар анимиран филм беше кулминација на долгото тешко патување за филмот. Првиот латвиски филм што некогаш бил номиниран за „златен глобус“ беше направен со вкупен буџет од околу 3,7 милиони долари, минијатурна бројка во споредба со онаа на неговите главни конкуренти оваа година, чии буџети се движеа од 78 до 200 милиони долари. Како резултат на тоа, Зилбалодис и неговиот тим во „Дримвел студио“,, продуцентска компанија што ја основал, беа принудени да бидат креативни. Без средства за трошење стандардна технологија за анимација во индустријата, тие решија да го создадат целиот филм во Блендер, бесплатен софтвер за анимација отворен за јавноста. Сепак, наместо да работи против таквите ограничувања, продукцискиот тим се потпре на нив, создавајќи едноставна естетика на приказна за филмот што се издвојува од вообичаениот 3Д-стил на Холивуд. Музиката на филмот, која ја компонира Зилбалодис, ја отсликува тивката убавина на неговите визуелни елементи, а изборот да се оди целосно без дијалог не само што го зголемува овој ефект туку и му дава на филмот ниво на универзалност, создавајќи приказна што може да биде еднакво влијателна за латвиската публика како и за оние во остатокот од светот.
Па зошто оваа победа е толку важна за другите филмски режисери во подем? За почеток, таа ги израмнува условите. За првпат во историјата на Холивуд пресудата е на страната на независните анимирани филмови. „Златните глобуси“ покажаа дека повеќе не е важен буџетот во анимираните медиуми, ниту пак совршениот квалитет на самата анимација, туку срцето на приказната што се раскажува. Победата на филмот за најдобар анимиран филм е доказ дека на раскажувачите не им треба огромна продуцентска компанија или најскапа технологија за да направат нешто што може да го достигне врвот. Таа нова реалност, онаа на надеж и потенцијал за независните, ја одразува приказната за самиот филм во нејзиното охрабрување на потценетите.
Сепак, дури и повеќе од тоа, оваа победа за „Тек“ испраќа изјава до студијата со голем буџет во Холивуд. Од создавањето на категоријата најдобар анимиран филм, „Пиксар“, „Дизни“ и други што доминираа на церемониите за доделување награди, и на „Златните глобуси“ и на „Оскарите“, тие постојано го носеа трофејот дома. Да, имало изненадувања во минатото, и во победи и во номинации, но никогаш од непознат како Зилбалодис и неговиот тим, и никогаш со толку мал буџет. Со издигнувањето на таквата инди-продукција, „Златните глобуси“ испратија тивок предизвик до гигантите на анимациската индустрија: тие не се непобедливи. Нивниот статус и ресурси не се доволни за да ги одржат на врвот засекогаш, а ако станат мрзливи во својот занает, туку има други повеќе од подготвени да ги заменат.
На 2 март, „Тек“, за кој многумина беа скептични дека дури и ќе биде номиниран пред неговата победа на „Златниот глобус“, го освои посакуваниот „оскар“ за најдобар анимиран филм. Дали неговата победа ја менува анимациската индустрија каква што ја знаеме? Не баш. Студијата за анимација сè уште се најмоќните играчи во оваа област и веројатно повторно ќе ја освојат победата следната година. Сепак, по своите две огромни победи, „Тек“ докажа дека независната анимација сè уште има шанса за борба, а тоа само по себе може да направи голема разлика.
Сабина Бојер, студентка по филмско сценарио на Универзитетот „Асбери“ во Кентаки, САД