„Ипер неретко глуми потиснати, затворени, сексуално внимателни жени. На свои 47 години (возраста на Ерика) таа изгледа љубопитно како и на 22 години. Таа е тенка, со мазна, но пегава кожа, која не изгледа како да е на таа возраст и се чини дека е предодредена да биде една од оние жени што никогаш не биле навистина млади, а потоа никогаш навистина не старееле. Многу од нејзините улоги вклучуваат жени што не е безбедно да се задеваат

Маестралноста и моќта на трансформација кај Изабел Ипер многупати сме ги посведочиле низ нејзините многубројни филмски улоги. Легендарната француска актерка, која е актуелна на филмското платно веќе педесет години, може да се пофали со над 100 улоги, која од која поуспешна и повпечатлива. Во својата богата филмска кариера соработувала со огромен број докажани режисери, меѓу кои Франсоа Озон („Осум жени“), Пол Верховен („Ел“), Миа Хансен-Лов („Работи што доаѓаат“). Сепак се чини дека филмската критика за најуспешна соработка ја смета онаа со австрискиот режисер Михаел Ханеке во незаборавниот и шокантен „Учителка по пијано“ од 2001 година, каде што Изабел Ипер буквално ја освои публиката со својата брилијантност.
Базиран на романот на Елфриде Јелинек, овој филм практично е еден вид феминистичка студија базирана на автобиографска заднина. „Пијанистка“ („Die Klavierspielerin“) е своевидна лична карта на нејзиниот живот со нејзината мајка. Самата Јелинек студирала на конзерваториум во Виена. Подоцнежните нејзини дела се повеќе или помалку еден вид критика за животот на жената како единка и нејзината интеграција во општество какво што е австриското, како и периодите во австриската повоена култура бидејќи земјата никогаш не се справила со своето вознемирувачко минато.
Во ликот на Изабел Ипер мноштво режисери успеале да препознаат самоувереност што пркоси на секое објаснување. Во едно интервју од 1977 година, одговарајќи како започнала со филмовите, таа кажала дека едноставно само затропала на вратата на студиото во Париз и рекла: „Тука сум“.
Во „Учителката по пијано“ на Михаел Ханеке, кој освои три награди во Кан во 2001 година (најдобра актерка, актерка и филм), таа игра храбра жена со мрачна тајна што ја крие длабоко во себе. Ипер го толкува комплексниот лик на Ерика Кохут, 40-годишна, почитувана инструкторка на конзерваториум за музика во Виена. Комплицирана, студена, далечна, ненасмеана, таа води таен живот на самоосакатување. Тоа што таа спие во ист кревет со својата доминантна мајка без сомнение е момент за набљудување.

Ерика е фасцинирана од сексуалните слабости и вкусови на мажите. Има сцена кога таа посетува порнопродавница во Виена, создавајќи непријатна тензија со самото свое присуство. Машките клиенти веројатно се таму за да се задоволат со своите фантазии за жените, но таа очигледно е таму за да си ги задоволи сопствените вкусови, а тоа им го одзема целото внимание со самото нејзино присуство. Таа се соблазнува на нивните тажни погледи.
Таа „поседува“ згоден млад студент по име Волтер (Беноа Магимел). Нивниот однос е судир на волји. Тој јасно кажува дека е заинтересиран за неа. Не долго потоа, во еден од училишните тоалети, тие имаат сексуална средба, уште понаелектризирана затоа што додека таа го шокира со своето дрско однесување, таа всушност одбива да има секс со него. Таа е желна за превласт.
Какви игри има во извртената фантазија на Ерика и колку Ипер успева да го долови овој специфичен карактер? Вклучен е детален и суптилен план за одмазда против нејзината мајка, а Волтер, кој навистина не е запознаен со садомазо-светот, си дозволува да биде ангажиран од љубопитност или можеби затоа што се надева дека таа ќе му попушти на крајот од сценариото. Дали тоа функционира така? На дел од публиката не ѝ се допаѓа крајот, но со ваков филм секој конвенционален крај би бил ништожен.
Повеќето сексуални врски во филмовите имаат ограничен број можни исходи, но ниедна од нив не е опција во овој филм. Исходот во „Учителка по пијано“ е мистерија. Друга мистерија е, што не е во ред со Ерика? Таа не е само авантуристка. Таа е и своевиден сексуален експеримент, кој е ризичен и за самата себеси, но и за околината. Патолошката опседнатост и настраните фантазии кон Волтер се претворија во кошмари.
Ипер неретко глуми потиснати, затворени, сексуално внимателни жени. На свои 47 години (возраста на Ерика) таа изгледа љубопитно како и на 22 години. Таа е тенка, со мазна, но пегава кожа, која не изгледа како да е на таа возраст и се чини дека е предодредена да биде една од оние жени што никогаш не биле навистина млади, а потоа никогаш навистина не старееле. Многу од нејзините улоги вклучуваат жени што не е безбедно да се задеваат. Магимел ја доби наградата за најдобар актер веројатно затоа што ѝ се спротивстави на една ваква жена. Тој не го игра стандардниот филмски лик што би го очекувале во оваа улога (незрело момче од дваесет и нешто што цвета под туторство на постара жена). Наместо тоа, тој е способен, самоуверен млад човек што мисли дека сретнал скриена дивина, а потоа сфаќа дека е изгубен во џунгла од која не може лесно да излезе.

Далечниот и ладен стил на филмот, својствен и специфичен само на стилот на големиот мајстор на драмата, Михаел Ханеке, ја отсликува книгата така што таму постои усогласеност. Овој филм не е украсен со интересна и подвижна камера, кадрите се долги и статични и понекогаш се движат само за да ги следат ликовите. Слични споредби може да се најдат кај режисери како што се Тарковски (долги, но подвижни снимки) или Кори-еда (кратки, но статични). Ханеке може да создаде шокантна вредност од своите актери и со монтажа. Преминот на првиот традиционален дел во продавницата за секс е со мошне брза транзиција, иако не на ниво на режисерските транзиции што ги прави Кјубрик во „Очи широко затворени“, на пример. Музика воопшто нема, освен употребата на Шуберт (кој исто така се користи и во Бери Линдон). Ерика никогаш не настапува за голема публика, мајката нема име.
Наследството што Изабел Ипер го има оставено со своето присуство на екранот е фасцинантно и немерливо. Таа е перфектна во играњето оштетена, ранлива и студена жена. Ипер со својата глума ги исцртува маргините на студијата за карактерот на една жена што се бори сама со чудовиштата на модерното општество.