Во изминатите години се направени огромни напори за подобрување на родовата еднаквост во европските општества. Но според најновите податоци, објавени од статистичката агенција „Евростат“ и од Заводот за статистика на германската федерација, има најмалку една област во која треба да се вложат дополнителни напори, а тоа се домашните обврски.
Во просек, 79 отсто од жените во ЕУ готват и/или завршуваат други домашни обврски секој ден, во споредба со 34 отсто од мажите. Разликата е најмала во Шведска, каде што 74 отсто од жените редовно ги извршуваат домашните задачи, а мажите учествуваат со 56 отсто. Разликата во Британија и понатаму е значајна, при што соодносот меѓу жените и мажите е 85 наспроти 49 отсто.
Од друга страна, родовата еднаквост е најмала во Унгарија и особено во Грција, каде што жените извршуваат најголем дел од домашните обврски. Во Грција, 85 отсто од жените што готват и извршуваат други домашни задачи добиваат помош од само 16 отсто од мажите.