Лицата помлади од 35 години многу посериозно ги прифаќаат мерките за физичко дистанцирање и самоизолација за одбрана од коронавирусот во однос на постарите лица, кај кои е најголем ризикот од зараза и смртност од ковид-19, покажува неодамнешно испитување на јавното мислење на Ипсос. Во истражувањето спроведено меѓу 29.000 возрасни лица во 15 држави, 82 отсто од испитаниците на возраст од 18 до 35 години рекле дека се самоизолираат, наспроти 75 отсто од лицата на возраст од 35 до 44 години и 76 отсто од лицата на возраст од 45 до 74 години.
Кај жените, исто така, за пет отсто е поголема веројатноста да ги следат мерките за самоизолација, при што 80 отсто од испитаните жени изјавиле дека ги следат препораките за физичко дистанцирање. Меѓу земјите со најголем процент жени што велат дека би се самоизолирале, се и некои чии лидери или неодамна или сѐ уште не ги повикале граѓаните да го сторат тоа. Меѓу нив се Русија и Бразил.