Источните сили гледаат на одвраќањето како алатка за да ги спречат САД да дејствуваат на одбранбен начин, вели Питер Хјуси за „Нешенел интерест“
Нуклеарните амбиции на Истокот нишанат кон слабите точки на Западот
САД се соочуваат со две сериозни и релативно непосредни воени закани. Двете страни тврдат дека само ги бранат своите територии и интереси. Главното недоразбирање е што овој истакнат факт често не е јасен поради начинот на кој се пренесуваат состојбите во САД, Европа и во Азија. Во тој контекст спаѓа рутинското модернизирање на руската и кинеската конвенционална и нуклеарна одбрана. За повеќето Американци, „одвраќањето“ на нивната држави значи дека таа треба да ги спречи лошите. САД не го користат одвраќањето како инструмент за присвојување територии или заплашување на слободните и мирни нации. Што се однесува до Русија и Кина, нивните воени капацитети се само дел од нивниот севкупен воен, политички и економски арсенал. Државите што се наоѓаат во нивна непосредна близина не претставуваат безбедносна закана за никого.
Каков е воениот пејзаж на Истокот?
Во меѓувреме, земјите од Истокот работат на зголемување на своите воени капацитети. Една од нив е и Кина, која е во процес да ја има најголемата морнарица во светот и нуклеарна тријада од бомбардери, подморници и интерконтинентални балистички ракети. Но воениот капацитет оваа земја не е пречка за начинот на кој Американците и нивните сојузници размислуваат за одвраќање. Во однос на нуклеарното оружје, Пекинг ги зголемува своите нуклеарни сили минимум од три до пет пати. Што се однесува до Русија, Москва има 21 нов тип на нуклеарни системи во фаза на распоредување или развој сега и може да додаде илјадници боеви глави во нејзиниот постоен нуклеарен арсенал, од кои повеќе од половина се распоредени надвор од границите според договорот „Нов старт“ од 2010 година, кој неодамна беше продолжен за уште пет години. Москва и Пекинг гледаат на одвраќањето како алатка за да ги спречат САД да дејствуваат на одбранбен начин. Но уште поважно е што двете земји се обидуваат да ги променат меѓународните правила.
Каде лежат слабостите на САД
За САД ќе се отвори нов прозорец на ранливост во текот на оваа деценија, бидејќи намалуваат некои од нивните наследни воени системи за да добијат повеќе средства за истражување и развој во усвојувањето иновативни технологии. Исто така имаат сериозни тешкотии да го донесат буџетот за одбрана „навреме“, што значи дека новите проекти се стопирани, бавно течат новите набавки, а скратено е и планирањето во Министерството за одбрана и во индустријата. Ова не само што му штети на одбранбеното планирање на САД туку ги поткопува и напорите на сојузниците да купат современа американска воена опрема и да ја добијат американска воена поддршка. Вашингтон нема да ги искористи предностите од дополнителните трошоци за одбрана од 30 милијарди долари што неодамна беа усвоени како дел од Законот за овластување за национална одбрана.
Претстојниот преглед на американската национална безбедност има можност да одговори на некои од овие проблеми. САД треба да прифатат силна иницијатива за воздушна и ракетна одбрана, технологија што ќе може да биде распоредена, како клучна противтежа на ограничените закани од нуклеарни напади.
Подготвиле: Дејан Србиновски; Билјана Здравковска