Граѓаните во Кина сè повеќе се одлучуваат да ги купуваат новите енергетски возила (НЕВ)
Со забрзувањето на инфраструктурите за полнење на возилата со нова енергија, како и карактеристиките како што се интелигенција, евтина употреба и практичност, потрошувачите сега сѐ повеќе ги препознаваат новите енергетски возила (НЕВ), а сè повеќе се одлучуваат да ги купуваат во Кина.
Во јули малопродажбата на патнички автомобили достигна 1,72 милион единици во земјата, при што компаниите за нови енергетски возила продадоа 880.000 единици, со што за првпат ја надминаа месечната продажба на возила на гориво од 840.000 единици, според Кинеската асоцијација за патнички автомобили.