Кина со мисија на Месечината, прва од ваков вид во историјата на човештвото
Според кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), закажаниот термин за лансирање на лунарната сонда „Чанг’е-6“ е токму денеска
Лунарната сондата треба да собира примероци од далечната страна на Месечината, што ќе ја направи оваа мисија прва од ваков вид во историјата на човештвото.
Според ЦНСА, подготовките за мисијата изминативе денови се одвиваа според проектираното, на местото за вселенско лансирање Венчанг во јужната кинеска провинција Хаинан, а ракетата носач „Лонг марч-5 уај-8“ навремено беше наполнета со гориво.
Бидејќи имаше временски теснец за лансирање во двата последователни дена, со само 50 минути за секој ден, ракетниот тим на мисијата проектираше вкупно 10 траектории, додаде ЦНСА.
Местото за вселенско лансирање Венчанг во средата ја спроведе последната проба за лансирањето, опфаќајќи ги сите релевантни системи сеопфатно.
Метеоролошкиот систем на локацијата ги зајакна процесите на мониторинг и анализа за да обезбеди успешно лансирање.
Месечинската сонда „Чанг’е-6“ и комбинацијата на ракети носачи „Лонг марч-5 уај-8“ беа префрлени вертикално во областа за лансирање изминатава сабота.