Како езерото Шенгтијан се трансформира во популарно туристичко место
Со студените периоди сè поголем број лебеди тргнаа на своето патување кон југ, барајќи засолниште во различни живеалишта низ земјата за да ги поминат зимските месеци. Нивната миграција предизвика возбуда меѓу љубителите на птици, поттикнувајќи интерес за набљудување птици во повеќе области. Сместена во средниот тек на Жолта Река, провинцијата Шанкси е покрај централниот миграциски премин за птиците од Сибир, Русија. Секоја година повеќе од 10.000 лебеди презимуваат во покраината, привлекувајќи туристи што одат да им се восхитуваат и да ги фотографираат овие величествени птици.
Цуи Лианг, маркетинг-директор за езерото, изјави за „Чајна дејли“ дека лебедот е редок вид во Кина и е класифициран како заштитено животно од втора класа. Тие се главно птици преселници, кои се забележуваат во зима. Според одделенијата за шумарство, секоја година во Кина одат речиси 100.000 лебеди од различни видови. Овие птици обично од Сибир мигрираат во Кина во октомври и заминуваат до март следната година.
Во живописната област на езерото се инвестираат 41.000 долари годишно за изнајмување повеќе од 13 хектари обработливо земјиште од тамошните селани, за да се засадат култури и да се обезбеди снабдување со храна за лебедите. Како еден од најголемите национални мочуришни резервати во средниот и долниот тек на Жолта Река, кој опфаќа 867 хектари, вклучувајќи и повеќе од 400 хектари водна површина, езерото претставува уникатна средина за птиците преселници.
– Забележав сè поголем број лебеди, што го прави резерватот рај за нив. Исто така, привлекува сѐ поголем број туристи од целата земја, поттикнувајќи го зимскиот туризам во Шанкси – рече Куи.