Што навистина значи Фестивалот на змејските чамци?
Денеска (сабота, 31 мај) во Кина се одржува Фестивалот на змејските чамци. Овој фестивал често е препознатлив по своите возбудливи трки со чамци, но неговите корени се многу подлабоки. Покрај „прскањето со веслатa и навивањето на гледачите“, овој фестивал е богат со значење. Тоа е фестивал што ги испреплетува древните легенди со безвременските традиционални практики (адети) за благосостојба и заштита.
Во неговото срце е приказната за Ку Јуан, протераниот поет чија „лојалност и очај“ доведоа до традицијата на змејските чамци. Сепак, фестивалот, исто така, одразува нешто попрактично и универзално: начинот на кој древните кинески заедници реагирале на предизвиците на летната сезона. Петтиот лунарен месец некогаш се сметал за најопасно време од годината – период кога болестите, инсектите и лошата среќа отсекогаш биле поинтензивни. За да се заштитат себеси и своите семејства, луѓето се вртеле кон природата и кон иљач (лек) од непосредното природно опкружување: закачувале морков и каламус на своите врати, носеле мирисливи ќесички и приготвувале храна не само за вкус туку и за здравје.
Денес, многу од овие традиции продолжуваат – во различни форми и на различни места. Фестивалот на змејските чамци е потсетник за тоа како колективната културна меморија и сезонската мудрост можат да понудат утеха, исцелување и поврзување со оние што дошле пред нас.
Ова е Фестивал на змејските чамци – не само трка, туку ритуал. Не само сеќавање, туку момент повторно да се поврземе со природата, наследството и самите себе. Нека е честит празникот, за оние што сакаат да го прослават!