Модерната технологија на погон на вештачка интелигенција се користи за регулирање на сообраќајот во Кина
За ваша безбедност, ве молиме возете велосипед во немоторизирана лента, му се јави глас на велосипедист што скршнуваше во лентата за моторни возила на прометна раскрсница во градот Вуху, во источната кинеска покраина Анхуи. Предупредувањето, сепак, не дојде од сообраќаен полицаец, туку од хуманоиден робот што стоеше исправено.
Облечен во полициска униформа, со рефлективен елек и бела капа, полицаецот робот – идентификуван со бројот на значката „Интелигентна полициска единица П001“ – изгледа човечки ако се гледа од далечина. Одблизу, неговата елегантност и футуристичко однесување го направија славен меѓу локалните жители, кои често застануваат за да го фотографираат.
– Тоа е нов колега способен ефикасно да ни помогне – рече Џијанг Зихао, сообраќаен полицаец во Вуху.
Според Џијанг, „Интелигентната полициска единица Р001“, односно роботот управуван на погон од вештачка интелигенција, е интегриран со системот за сообраќајна сигнализација во градот. Тој може да извршува стандардни гестови за сообраќајни команди синхронизирани со менување на светлата на семафорите.
Опремен со камери со висока дефиниција и интелигентен систем за гласовно емитување, роботот користи алгоритми со модел за автономно идентификување сообраќајни прекршоци од немоторни возила и пешаци, а доставува предупредувања на самото место. Покрај стационарната должност, роботот е мобилен и способен самостојно да се движи до одредени локации по команда. Неговите можности вклучуваат и идентификување нелегално паркирање и спроведување мониторинг на патиштата во реално време.
– Роботот може да работи деноноќно – рече Џијанг, истакнувајќи дека се очекува да го олесни работното оптоварување на полицијата, особено во шпицот или во екстремни временски услови.
Овој полицаец робот е најновото дополнување на растечката флота на сообраќајни асистенти напојувани од вештачка интелигенција во Кина. Минатата година, неколку кинески града почнаа да интегрираат роботски полицајци во секојдневното полициско работење. Во јуни, југозападниот град Ченгду во покраината Сечуан распореди тим роботски полицајци, вклучувајќи роботи на четири нозе, роботи на тркала и хуманоидни роботи, за да патролираат по улиците заедно со човечките колеги. Распоредувањето на овие роботи го нагласува поширокиот напор на Кина да ја донесе отелотворената интелигенција и други најсовремени технологии во реални апликации.
– Само со внесување производи во реални сценарија и собирање реални оперативни податоци можеме да постигнеме брза интеграција – рече Џанг Гуибинг, генерален директор на „Аимога роботикс“, производителот на „Интелигентна полициска единица Р001“.
Џанг додаде дека роботите на компанијата веќе се распоредени во извршување на повеќе од 100 сценарија, вклучувајќи работа на рецепција, во безбедносни патроли и во извршување јавни услуги.
































