Фото: ЕПА

НА АЕРОМИТИНГ ВО ЕГИПЕТ

Осум авиони на воздухопловните сили на Кина во понеделникот полетаа од аеродромот во северозападна Кина на аеромитинг во Египет, кој е закажан од 3 до 5 септември.
Формацијата на летот вклучува еден „Y-20“, домашно развиен голем транспортен авион на Кина и седум стелт-борбени авиони „J-10“ од акробатскиот тим Баи, според воздухопловните сили.
Сие Пенг, портпарол на воздухопловните сили, рече дека ова ќе биде прв настап на Баи во африканска земја и нивниот најдалечен лет во странство досега.
– Формацијата ќе лета над пирамидите во Египет, а авионот „Y-20“ ќе го има својот деби-настап во странство – истакна Сие Пенг.
Според воените експерти, летот ќе се протега на речиси 10.000 километри со трансфери и ќе премине повеќе временски зони во услови на брзо менување на температурите, што претставува „исклучително висок“ предизвик за пилотите.
– Според тоа, воздушниот екипаж ги рационализираше придружните резерви и дизајнираше специфичен сет на маневри за првото шоу на „Y-20“ – рече пилотот Јуан Бо.