Фотовест

Кинеската амбасада во Македонија во вторникот одржа прием по повод 98-годишнината од основањето на Народноослободителната армија на Кина, во рамките на кој пред присутните се обрати одбранбениот аташе полковник Зу Нинг. На настанот присуствуваа околу 120 гости од Министерството за одбрана, Владата, деловните здруженија, дипломатскиот кор и од одбранбениот корпус.