Најголемата кинеска композиција на радарски сателити за далечинско набљудување почна со примена во широки размери
Најголемата кинеска комерцијална констелација на радарски сателити со далечинско набљудување Нува почна со примена во широки размери. Таа се состои од 12 сателити што обезбедуваат слики во висока резолуција за набљудување на Земјата, чија цел е помагање при катастрофи, земјоделски мониторинг, набљудување на морињата и енергетски развој, меѓу другото, дознава „Глобал тајмс“ од компанијата развивач ПИЕСАТ, со седиште во Пекинг.
Соопштението следува откако четири сателити ПИЕСАТ-2, кои минатата недела беа лансирани во хелиосинхрона орбита долга 528 километри, беа калибрирани и успешно пренесоа слики и податоци со висока резолуција назад на Земјата, според новинската агенција „Синхуа“.
Констелацијата Нува е именувана по кинеската божица позната како творец на човештвото. Таа се состои од 12 сателити, вклучувајќи ги осумте комерцијални радарски сателити ПИЕСАТ-2, кои се испратени во вселената во две серии, користејќи ја ракетата носач „лонг марч 2Д“ на 9 ноември и 17 декември годинава, и четирите сателити ПИЕСАТ-1, лансирани и оперативни во орбитата од 30 март 2023 година.
Една од најважните карактеристики на констелацијата Нува е нејзината јаснотија. Според претседателот на ПИЕСАТ, Ванг Јуксианг, 12-те комерцијални радарски сателити со далечинско набљудување дејствуваат како „очи на небото“.
– Тие се способни да навлезат во облаците, да обезбедат постојано набљудување на Земјата во сите временски услови и да собираат слики со висока резолуција – рече тој.
Констелацијата се карактеризира и со широка покриеност. Сателитите на Нува во орбитата се распоредени во три групи – првата група формира конфигурација слична на тркало, со главен сателит што дејствува како „главен центар“, опкружен со три помошни сателити рамномерно распоредени. Втората и третата група, лансирани неодамна, се организирани во четири сателитски, коорбитални формации слични на тркала. Тоа овозможило глобално покривање за далечинско набљудување на Земјата, дознава „Глобал тајмс“.
Друга предност на Нува е нејзината висока ефикасност, при што се истакнува дека нејзината независно развиена сателитска опрема има цел да постигне можности за далечинско набљудување во реално време, со брз одговор и агилност.
– Потребен е помалку од еден час од издавањето команди од Земјата до сателитот, па до преносот на податоците назад на Земјата – објасни Ванг, додавајќи дека со користење технологии за обработка на податоци и вештачка интелигенција, ефикасноста на анализата на сликите во констелацијата исто така биле дополнително зајакнати.
– Досега сликите и податоците собрани од мрежата Нува одиграа важна улога во операциите за спасување при големи природни катастрофи. До крајот на 2025 година Нува ќе формира мрежа од најмалку 20 сателити, што дополнително ќе ги зајакне способностите и ќе обезбедува побрзи и поефикасни информативни услуги – рече Ванг.
Овие слики и податоци со висока резолуција се очекува да имаат поголема примена при превентива и спасување од поплави и за надзор на природните ресурси. Во изјавата испратена до „Глобал тајмс“ во вторникот, компанијата ги претстави своите планови за изградба на најголемата комерцијална радарска констелација, со планови за лансирање вкупно 114 сателити со далечинско набљудување.
Во првата фаза од проектот се планира лансирање на 54 сателити, вклучувајќи 44 радарски сателити со далечинско набљудување и 10 сателити со оптички далечински сензор. Втората фаза ќе продолжи да го проширува размерот на констелацијата, со прелиминарни планови за развој на 60 сателити со далечинско набљудување во средната и ниската орбита на Земјата. Откако втората фаза ќе биде лансирана и вмрежена, севкупните способности на Нува ќе достигнат светски водечко ниво, соопшти компанијата.