Убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, за кое Израел не ја признава одговорноста, според западни безбедносни експерти е со т.н. модус операнди (начин на извршување) што се совпаѓа и упатува на претходни атентати врз лидерите на палестинската милитантна група, за кои се смета дека се изведени од израелските безбедносни служби во изминатите 20 години.
Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије (за кого се смета дека бил за компромис во војната меѓу Хамас и Израел, на што се спротивставиле неговите соработници од Газа), наводно бил убиен со проектил истрелан од воздух, по церемонијата на положување заклетва на новиот ирански претседател во Техеран.
Воениот командант на Хезболах, Фуад Шукр, кој наводно стои зад нападот врз Мајдал Шамс на Голанската Висорамнина окупирана од Израел, во кој загинаа 12 тинејџери и деца, беше убиен во ракетен напад во Бејрут, Либан. За разлика од првиот атентат врз Ханије, Израел ја презеде одговорноста за убиството.