Фото: ЕПА

Кинескиот претседател Си Џинпинг на годишната гала-вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина пред целата светска јавност даде изјава со еден несебичен човекољубив однос, полн со емпатија, посветеност и пожртвуваност кон луѓето во светот и кон помалобројните нации и посиромашни економии дека „врските меѓу Кина и САД се едни од најважните билатерални односи во светот, кои имаат влијание врз благосостојбата на двата народа и иднината на човештвото“

СИЛЕН ОДЕК НА ПОРАКАТА ОД КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СИ ЏИНПИНГ:
КИНА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГРАДИ МЕЃУНАРОДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ ОД СВЕТСКА КЛАСА

 

Кина и Соединетите Американски Држави треба заедно да служат како поттик за развојот на едни со други наместо тоа да биде пречка, истакна кинескиот претседател Си Џинпинг, изразувајќи ја подготвеноста на Пекинг да работи со Вашингтон како партнер и пријател. Успехот на едната земја е можност за другата, рече кинескиот претседател во честитката испратена во вторникот на годишната гала-вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина.
Си Џинпинг веќе неколку години испраќа честитки на годишната гала-вечера на организацијата. Во ноември минатата година кинескиот лидер присуствуваше на вечера организирана од Комитетот и на Американско-кинескиот деловен совет по неговиот состанок со американскиот претседател Џо Бајден во Сан Франциско.
Во писмото Си Џинпинг ја изрази својата благодарност за незапирливите напори на Комитетот за унапредување на размената и соработката меѓу двете земји на различни полиња и му честиташе на ценетиот почесен гостин на годинашната гала, Вилијам Е. Форд, претседател и извршен директор на компанијата за приватен капитал „Џенерал атлантик“.
Кинескиот претседател рече дека се надева оти Комитетот и пријателите од сите сфери на животот ќе продолжат да се грижат и да ги поддржуваат кинеско-американските односи и активно да учествуваат и да имаат корист од модернизацијата на Кина. Тој нагласи дека врските меѓу Кина и САД се едни од најважните билатерални односи во светот, кои имаат влијание врз благосостојбата на двата народа и иднината на човештвото.

– Кина отсекогаш управувала со билатералните односи врз основа на заемно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни – рече Си Џинпинг.
Тој во писмото додава дека Кина ќе ја зајакне институционалната отвореност, ќе продолжи да гради меѓународно деловно опкружување од светска класа и ќе ја искористи предноста од нејзиниот огромен пазар и потенцијалот за домашна побарувачка за да донесе повеќе можности за соработка меѓу Кина и САД.
Кинескиот претседател ги повика двете страни да остварат повеќе посети и размени, да ја продлабочат заемно корисната соработка за да донесат повеќе придобивки за двата народа и да внесат поголема стабилност и позитивна енергија во светот. Истиот ден честитка за настанот упати и американскиот претседател Бајден.
– Вкупно 1.920 американски компании беа основани во Кина минатата година, а 80 отсто од американските бизниси во Кина планираат да го реинвестираат профитот генериран таму годинава – посочи кинескиот претседател.
Сето ова покажува дека бизнисите од САД се на свои нозе, а нивниот избор не е да се дистанцираат од Кина, туку да инвестираат подлабоко во неа.
Галата се одржа кога пар џиновски панди, Бао Ли и Кинг Бао, пристигнаа во Вашингтон, во вторникот, исполнувајќи го ветувањето дадено од кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот ноември во Сан Франциско, каде што ја објави подготвеноста на Кина да ја продолжи соработката со САД.