Фото: ЕПА

Изграден од „Чајна роад енд бриџ коропорејшн“, мостот „Кокоди“ има вкупна должина од 1,63 километар

НЕСЕКОЈДНЕВЕН ИНФРАСТРУКТУРЕН МЕГАПРОЕКТ НА КИНА

За жителите на Абиџан, Брегот на Слоновата Коска, возењето меѓу градските области честопати беше долго патување, бидејќи лагуната Ебри природно го дели градот на посебни делови, создавајќи фрагментирана транспортна мрежа.
Сепак, оваа ситуација беше значително подобрена минатиот август со отворањето на кинескиот мост во облик на буквата У, кој ги поврзува Кокоди и Плато, во раздвижен деловен кварт. Мостот го олесни секојдневното патување и го поттикна економскиот развој на градот.
– Со овој мост сега можам да возам од Плато до Кокоди за само пет минути – рече Соулама Драман, локален возач..
Претходно тој мораше да заобиколи околу заливот, често поминувајќи повеќе од половина час заглавен во сообраќајот за време на шпицот.
Изграден од „Чајна роад енд бриџ коропорејшн“, мостот „Кокоди“ има вкупна должина од 1,63 километар. Според Као Чангвеи, генерален менаџер на проектот во ЦРБЦ, главниот дел од мостот се протега на 630 метри, со главен распон од 200 метри и главна кула висока 108,6 метри, што го прави најголемиот кабелски мост во Западна Африка.
Наречен „Аласане Уатара“, по претседателот на Брегот на Слоновата Коска, мостот е исклучително значаен инфраструктурен проект за Абиџан, економскиот центар на Брегот на Слоновата Коска, каде што се случи брза урбанизација од двете страни на лагуната Ебри.

– Од неговото инаугурирање, мостот го олесни дневниот сообраќај за 35.000-45.000 возила – рече Жан Марк Одје, технички инженер на проектот.
Тој додаде дека мостот ја елиминира потребата патниците од југ да заобиколуваат на север преку автопатот крај езерото и кружниот тек, што значително го намалува времето на патување.
Новата градска икона доби дополнително признание за време на 34-от Африкански куп на нации во јануари, кога моделот од структурата беше видно прикажан среде културните перформанси и огнометот, што го направи белег на церемонијата на отворање.
Симон Пјер Луфа, инженер од Република Конго, бил толку занесен од мостот додека го гледал преносот на телевизија, што подоцна бил во посета на Абиџан со намера да го види мостот во живо. Одје рече дека мостот не е само архитектонско чудо за Брегот на Слоновата Коска туку и првиот мост во земјата што има проект за осветлување со светлечки дијагонални кабли, кои го осветлуваат ноќното небо.
Инженерот ги истакна значајните можности за вработување што изградбата на мостот ги обезбеди за локалните жители и вредните вештини во изградбата на патишта и мостови што тој и неговите колеги ги стекнале.
– Длабоко сум ѝ благодарен на кинеската компанија и на соработката помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Кина. Како почетник во градежната индустрија, научив многу преку проектот за мостот – рече Одје.