Фото: ЕПА

Во текот на изминатите две децении Кина цврсто се етаблира како глобален столб на светскиот (не само кинескиот) економски развој, а особено во развивањето на економскиот пејзаж на Латинска Америка. Имено, од стратегиските инвестиции во инфраструктурата до енергијата и телекомуникациите, Кина стана врвен поттикнувач и развоен генератор од највисок ранг, помагајќи им на државите од Латинска Америка во нивниот економски раст и развој

Како Кина станува главна движечка сила за глобален економски развој а и раст на државите во Латинска Америка

Кинескиот претседател Си Џинпинг го отвори мегапристаништето Чанкај во Перу, Јужна Америка, за време на форумот за азиско-пацифичка економска соработка во Перу. Помеѓу пустината и морето во Перу, оддалечен рибарски град се претвора во огромно длабоководно пристаниште. Мегапристаништето Чанкај, проект вреден 3,5 милијарди долари, го претвора овој мал и заостанат перуански град во важен центар за глобалната економија.
Мегапристаништето, кое се очекува да вклучува 15 посебни пристанишни моста и голем индустриски парк, се очекува да биде магнет за понатамошни инвестиции од нови 3,5 милијарди долари во следната деценија.
Перуанската влада се надева дека овој кинески мегапроект, лоциран на 60 километри северно од главниот град Лима, ќе стане стратегиски претоварен центар за регионот и ќе отвори нова маршрута што ќе ја поврзува Јужна Америка со Азија, забрзувајќи ја трговијата низ Пацификот за стратегиски производи од целата Јужна Америка, и тоа: перуански боровинки, бразилска соја и чилеански бакар, како и многу други извозни производи.
Во текот на изминатите две децении Кина цврсто се етаблира како глобален столб на светскиот (не само кинескиот) економски развој, а особено во развивањето на економскиот пејзаж на Латинска Америка. Имено, од стратегиските инвестиции во инфраструктурата до енергијата и телекомуникациите, Кина стана врвен поттикнувач и развоен генератор од највисок ранг, помагајќи им на државите од Латинска Америка во нивниот економски раст и развој.