Кинеската лунарна сонда „Чанг’Е 6“ неделава се врати на Земјата, носејќи ги првите собрани примероци од почва од другата, темна страна на Месечината. Сондата слета во северниот кинески регион, враќајќи ги примероците од лунарната почва што ги собра овој месец
Кинеска сонда без екипаж беше лансирана на 3 мај 2024 година и слета на темната, далечна страна на Месечината во 6:23 часот по локално пекиншко време, на 2 јуни. Тоа е подвиг што никогаш не го постигнала ниту една национална вселенска агенција во светот. Како што се очекуваше, собраните примероци од почвата на Месечината би можеле да дадат клучни индиции за потеклото и еволуцијата на Месечината и Сончевиот Систем. Една од целите на мисијата беше и да се проучат материјалите од малку подлабоките слоеви на почвата, околу местото на слетување на сондата. Тоа може да обезбеди важни информации за внатрешната структура на единствениот природен сателит на Земјата. Темната страна, која не може да се види од Земјата, се разликува од познатата „светлина“ на некои клучни начини. Површинскиот слој е подебел, постар и со повеќе кратери. Покрај тоа, има многу помалку т.н. темни базалтни „мориња“ создадени од лава, отколку што има на светлата страна. Инаку, клучниот предизвик за мисијата „Чанг’Е 6“ беше комуникацијата со леталото на темната страна на Месечината. Кина користи релејни сателити за пренос на сигнали од површината на Месечината назад кон Земјата. Токму сателитот Киекиао 2, лансиран во март годинава, поддржува и одржува комуникациски мисиите околу Месечината.