Фото: ЕПА

Интернет-протокол верзија 6 е реално имплементиран кинески стандард од следната генерација

Кинеските власти планираат да започнат специјална операција за зголемување на сообраќајот Ајпиви6 во поголемите градови, соопшти во средата Кинеската управа за киберпростор (CAC).
Операцијата, како што пишува агенцијата „Синхуа“, ќе биде лансирана во осум големи града – Пекинг, Тијанџин, Шангај, Шенжен, Хангжу, Хефеи, Вукси и Јантаи – од страна на CAC и Министерството за индустрија и информатичка технологија.
Годишната операција е насочена кон проширување на распоредувањето на Ајпиви6, што значи интернет-протокол верзија 6.
Ајпиви6 е стандардот за интернет-протокол од следната генерација. Тој ќе обезбеди огромно количество адресни ресурси и ќе служи како фундаментална поддршка за подобрување на мрежните способности, технолошките иновации и индустриското надградување.
Ќе се преземат мерки за значително зголемување на активирањето Ајпиви6 на домашните рутери и за видливо подобрување на вистинското усвојување на Ајпиви6 меѓу посветените услуги за пристап до интернет на клучните владини оддели и претпријатија, се наведува во соопштението.
Центрите за податоци ќе преземат технолошка надградба и трансформација за да обезбедат Ајпиви6 услуги.