Оправдана изразената подготвеност да се освојат светските
пазари со квалитетни автомобили
Кина минатата година стана најголем светски извозник на возила, значително зголемувајќи ја предноста пред Јапонија, која со години доминира во оваа категорија. На тој начин, Кинезите ги оправдаа предвидувањата оти се подготвени да го освојат светот со своите автомобили. Производителите од Кина во првата половина од годинава извезоа повеќе од 2,79 милиони возила, што претставува раст од 31 процент во однос на истиот период во 2023 година.
Кинеските електрични автомобили сочинуваат мал дел од извезените возила од Кина, со вкупно 605 илјади, додека 2,19 милиони возила произведени во Кина и испратени во странство беа потрадиционални модели, главно бензинци.
Компаниите „Чери“, САИЦ, „Чанган“, „Гили“ и „Би-уај-ди“ се петте најуспешни кинески извозници на возила. „Чери“ е водечка компанија со 532.000 возила, пред САИЦ со 439.000, „Чанган“ со 285.000, „Гили“ со 242.000 и „Би-уај-ди“, кој извезе 207.000 возила во првата половина од годинава.
Кинеските производители во 2023 година извезоа приближно 5,26 милиони возила, со што го презедоа приматот од најголемиот светски извозник на возила од Јапонија. Згора, се предвидува дека Кина годинава би можела да извезе повеќе од шест милиони возила.