Сателитите од серијата НЕО би можеле да го чистат вселенскиот отпад со тоа што ќе го извлечат надвор од орбитата и ќе го согорат во атмосферата, но и прецизно да го соберат оној отпад што може да претставува закана за вселенските летала
Моделот на роботска платформа што беше лансиран во ниската орбита на Земјата од страна на кинеска компанија за вселенски истражувања го имаше своето деби на Кинескиот авијациски и воздушен саем, привлекувајќи големо внимание од вселенските обожаватели за неговата визија за тоа како ќе го води светот во техниките за отстранување вселенски отпад и ќе го отвори патот за технологии за ископување астероиди.
„НЕО-01“, развиен од технолошката фирма „Ориџин спејс“ со седиште во Нанџинг, која тврди дека е првата кинеска компанија посветена на истражување и искористување на вселенските ресурси, беше лансиран на ракета „Лонг марч 6“ за отстранување вселенски отпад и за вршење експерименти за ископување астероиди во длабоката вселена во април 2021 година.
„Глобал тајмс“ дозна од компанијата дека прототипот на робот го завршил експериментот со користење голема мрежа за фаќање вселенски отпад и релативната техника на потврда во неколку клучни чекори, што е првата комерцијална компанија во светот што извршила таков експеримент. Су Менг, основач и извршен директор на компанијата, изјави дека во иднина, сателитите од серијата НЕО би можеле да го чистат вселенскиот отпад со тоа што ќе го извлечат надвор од орбитата и ќе го согорат во атмосферата, но и прецизно да го соберат оној отпад што може да претставува закана за вселенските летала и другите цели за да се заштити безбедноста на вселенските летала.
Парчињата вселенски отпад и остатоци оставени во орбитата, кои повеќе не се контролираат, претставуваат голема закана за нормалното вселенско летало. Податоците покажуваат дека речиси 80 отсто од забележаните објекти во орбитата се вселенски отпад, а бројот на неконтролирани вселенски објекти е изненадувачки голем. Вселената повеќе не е тивко место, вселенскиот сообраќај стана почест, а вселенскиот отпад може да доведе до „вселенски незгоди“. Затоа, според Су, итно треба да се отстрани вселенскиот отпад. Тој додаде дека до 2025 година,, веројатно ќе има повеќе од 50.000 сателити во орбитата и количеството вселенски отпад ќе биде десет пати поголемо од денес. Су вети дека ќе работи со цел неговата компанија да стане прва во светот што ќе може да го расчистува вселенскиот отпад.
На 22 јуни 2021 година, „Ориџин спејс“ го лансира комерцијалниот вселенски телескоп „Јангванг-1“ во орбитата од центарот за лансирање сателити „Таијуан“ во севернокинеската провинција Шанси. За време на престојот во орбитата, „Јангванг-1“ изврши астрономски набљудувања на астероиди и вселенски отпад.