Прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за глобалниот раст и уделот на Кина
Реномираниот медиум „Блумберг“ ја објави најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истакнувајќи ја улогата на Кина. Имено, во прогнозата се предвидува Кина да биде светски економски шампион во следните пет години, со поголем раст од растот на сите земји од групата седум (Г7) заедно
Кина ќе учествува со околу 21 отсто во новата светска економска активност до 2029 година, во споредба со 20 отсто од целиот Г7 и речиси двојно повеќе од речиси 12 отсто од САД. Ова го пишува во документот објавен во „Блумберг“, а се повикува на направена анализа и прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Понатаму, се истакнува дека севкупно, околу 75 отсто од глобалниот раст ќе дојде од 20 земји, а повеќе од половина во првите четири од Кина, Индија, САД и од Индонезија.
ММФ ја подобри прогнозата за глобалниот економски раст во оваа година на 3,2 отсто, 0,1 процентен поен повеќе од проекцијата во јануари, според нејзиниот новообјавен извештај за Светската економска перспектива (ВЕО).
Пјер-Оливие Гуриншас, главен економист на ММФ и директор на Одделот за истражување, на брифинг со новинарите неделава истакна дека Кина ќе биде светски економски шампион во следните пет години. Повикувајќи се на извештајот на ММФ, на брифингот беше истакнато дека растот на Кина ќе биде поголем од растот на сите земји од групата седум (Г7) заедно!
Исто така, пред светската јавност недвосмислено беше презентирана информација од споменатата анализа дека повеќе од 75 отсто од глобалниот раст ќе дојде од 20 земји, а од тој процент, односно приближно 40 отсто од растот ќе се генерира првенствено од Кина, а потоа и од Индија, САД и од Индонезија.