Фото: ЕПА

Намалувањето на стапката во Кина е насочено кон „зајакнување на контрацикличните приспособувања за подобра поддршка на реалната економија, се наведува во соопштението на кинеската централна банка

Народната банка на Кина со дијаметрално спротивна финансиско-економска политика од Фед и од Европската централна банка

Народната банка на Кина (ПБОЦ) во понеделникот објави дека ја намалува седумдневната стапка на обратна репо операција на 1,7 од 1,8 отсто и дека исто така ќе го подобри механизмот на операции на отворен пазар. Потоа, Кина ги намали своите референтни стапки на заеми за истата маргина на месечно прицврстување. Едногодишната примарна каматна стапка (ЛПР) е намалена на 3,35 од претходните 3,45 отсто, додека петгодишната е намалена на 3,85 од 3,95 отсто.
Одлучувачкото намалување на стапката ја покажа решеноста на Пекинг да го поддржи закрепнувањето. Тоа е и во контекст на исполнување на годинашната цел.
– Фактот што централната банка на Кина не чекаше американската Фед (централната банка) прво да намали, покажува дека владата во Кина го препознава притисокот врз кинеската економија и прави храбри чекори за да ја поттикне економијата – рече Џанг Живеи, претседател и главен економист во „Пинпоинт асет менаџмент“.
Таа економска логика е спротивна од логиката на Фед и на Европската централна банка, кои во борба против инфлацијата, континуирано ги зголемуваа референтните каматни стапки и притоа ги задушуваа економијата и бизнисот, поради што очигледно беа во пад, а државите влегоа во економска криза.
Џанг Живеи очекува дополнително намалување на каматните стапки во Кина откако Фед ќе влезе во циклусот на намалување на каматните стапки.
– Намалувањето на стапката во Кина е насочено кон „зајакнување на контрацикличните приспособувања за подобра поддршка на реалната економија – се наведува во соопштението на кинеската централна банка.