Убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран го отвори прашањето за тоа кој ќе биде новиот лидер на Хамас. Калед Мешал, претседател на канцеларијата за дијаспора на Хамас во Катар, се сметашe дека најверојатно ќе го преземе политичкото раководство на Хамас, улога што ја имаше од 2004 до 2017 година, и покрај затегнатите односи со Иран поради неговата поддршка за сирискиот бунт против нивниот сојузник, претседателот Башар ал Асад. Тој преживеа неуспешен обид за атентат во 1997 година, додека престојуваше во Аман.
Од друга страна, сега веќе новоизбраниот лидер Јахја Синвар го претставува порадикалното крило на групата, помалку отворено за компромиси од Ханије, а во моментов се верува дека ги насочува воените операции во Газа од тунелите под енклавата. Синвар помина повеќе од 20 години во израелски затвор.