Граѓаните во Франција поминуваат најмногу време во пензија во однос на сите земји на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Француските жени во просек поминуваат речиси 27 години во пензија, а мажите биле речиси 23 години во 2018 година, според последните достапни податоци.
Жителите на Франција во моментот жестоко протестираат против најавените пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон. Властите велат дека не сакаат да ја зголемат општата граница за пензионирање од 62 години, но дека ќе воведат финансиски мерки што ќе ги поттикнат луѓето подоцна да се пензионираат. Тие, исто така, сакаат да ги обединат над 40-те индивидуални пензиски планови за различни професии во единствен пензиски систем.
Како што покажуваат податоците, граѓаните од другите земји на ОЕЦД во просек поминуваат значително помали периоди во пензија од Французите. На пример, Германија во 2012 година почна постепено да ја зголемува стандардната старосна граница за пензионирање од 65 на 67 години и овој процес треба да заврши до 2029 година.
Другие земји на ОЕЦД со долги пензиски периоди се Шпанија и Италија, каде што жените поминуваат во пензија по речиси 27 години, односно по речиси 26 години. Жителите на Јужна Кореја се меѓу најлошите со просечни пензиски периоди од 16 години за жени и од 13 години за мажи. Единствена земја на ОЕЦД со пократок пензиски период е Мексико, каде што мажите минуваат во пензија речиси 13 години, а жените речиси 18 години.
Пресметките за времетраењето на годините поминати во пензија се засноваат на просечната старосна граница на пензионирање и на очекуваниот животен век во моментот на излегување од пазарот на трудот за секоја од анализираните земји.