Обвиненијата против Џулијан Асанж датираат од 2010 и 2011 година, кога илјадници доверливи документи, до кои незаконски дојде свиркачката од американската армија Челси Менинг, беа објавени од страна на „Викиликс“, организацијата на Асанж. Во 2012 година, тој побегна во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што се криеше речиси седум години, сè до неговото апсење во 2019 година. Оттогаш тој се бори против барањето за екстрадиција на САД под обвинение за шпионажа и се соочува со можна казна затвор од 175 години. На 4 јануари 2021 година, судијката Ванеса Барајсер го блокира американското барање за екстрадиција, повикувајќи се на загриженост за менталното здравје на Асанж. По единаесет месеци, на 10декември, високите судии ја поништија нејзината пресуда, откако САД ветија дека тој нема да биде сместен во самица, заради намалување на ризикот од негово самоубиство.

 

Подготвиле: Дејан Србиновски; Билјана Здравковска