Складиштата во В. Британија веќе се исполнети до нивниот максимален капацитет, а индустријата се обидува да најде место плус за стоката сè додека не се отстрани карантинот
Битката против коронавирусот почнува да изгледа како вистинска војна, комплетна со сопствената база на воздухопловни сили. На аеродромот РАФ во англиската област Сафолк може да се забележат 20.000 контејнери за испорака, исполнети со различна стока, наредени на пистата, бидејќи затворените дуќани не можат да ја продаваат, додека кинеските фабрики негодуваат, а бродските налози беа направени многу време пред да се затвори светот. Тоа е само една од масовните промени во логистиката, како резултат на пандемијата на коронавирусот, која ги промени нормалните модели на испорака, го преобликува железничкиот транспорт и ги зароби десетиците илјади морнари на карго-бродовите во светот.
Недостиг од магацини
Воздушната база РАФ Бентвајтерс од Втората светска војна, сега позната како „Бентвајтерс парк“, би можела да биде клучна депонија за товарниот сектор во Велика Британија, кој се бори каде да ги складира илјадниците тони неесенцијални артикли увезени од Азија, како што се облека, производствени делови, електроника, кои во моментов не се продаваат, бидејќи во сила сѐ уште се рестриктивните мерки поради ковид-19.
По првичното затворање на кинеското производство за време на најлошиот период од појавата на коронавирусот, во текот на февруари и март, стоките што беа наменети за продавниците во САД се очекува да растат и во текот на мај, додека заостанатите нарачки и натаму се таложат на британските брегови.
Но има еден проблем. Многумина од овие трговци се принудени да ги затворат своите магацини под правилата за карантин наметнати од премиерот Борис Џонсон, што значи дека се создава ѕид на крајот од синџирот за снабдување.
Блокадата значи дека приближно на 50.000 транспортни контејнери што треба да впловат во Велика Британија секоја недела од идниот месец ќе треба да им се најде привремен дом. Складиштата во земјата веќе се исполнети до нивниот максимален капацитет, а индустријата се обидува да обезбеди складирање додека не се отстрани карантинот.
Питер Вард, извршниот директор на Здружението за складирање на Британија, вели дека без крај на карантинот (што не се очекува да се случи во наредните денови), секторот се соочува со голем логистички предизвик.
– Стигнавме до точка каде што немаме место повеќе за складирање, немаме каде да ги сместиме стоките додека по секоја цена го избегнуваме ризикот стоката да биде оставена на пристаништата – вели тој.
Од друга страна, метежот во сообраќајот на пристаништата може да создаде втор проблем, со што би можело да се отежни и протокот на основните артикли, како што се храната и лековите.
Исклучени шини
Други во овој сектор пронајдоа заобиколен пат од коронавирусот. Товарните возови двојно ја завршија испораката по карантинот, откако тој предизвика драматично намалување на превозот на патници, оставајќи ја железничката мрежа на Британија практично празна.
Џејмс Свини, возач на фирма за шпедиција, вели дека карго-услугите имаат појасна патека до нивните дестинации и дека, како резултат на тоа, намалено е времето на чекање.
– Тоа значи помалку запирање – вели тој.
Неговиот воз не мина низ ниту еден патничка станица во текот на 30-километарско патување помеѓу Шревбери и Кру на западниот дел на Англија минатиот петок. Но, сепак, сликата не е многу сјајна и за железничкиот транспорт.
Некои услуги работат рамномерно за да им обезбедат стока на супермаркетите, енергетскиот сектор и градежништвото, додека во други области побарувачката исчезна. Севкупно, индустријата работи со околу 30-50 проценти под капацитетот, со тоа што некои возови се принудени да работат со загуба, а голем број вработени се испраќаат дома според владина мерка, при што им се исплаќаат 80 проценти од нивните плати.
Кабинска треска
Да се биде заглавен дома, секако, е подобро од тоа да се биде заглавен на море, кое е местото каде што завршија десетици илјади морнари што работат на товарните бродови во светот. Голем број нации го забранија меѓународниот влез за време појавата на ковид-19, што значи дека морнарите чии договори завршија не можат да си отидат во своите домови на копно.
Во таа насока, промените на екипажите низ целиот свет комплетно се стопираа во изминатите два месеци, додека некои морнари што се најдоа во земји со полесни ограничувања седат заглавени во хотелите и не можат да добијат лет за нивните држави. Во меѓувреме, од Меѓународната комора за транспорт беше соопштено дека околу 150.000 морнари што се наоѓаат низ целиот свет на околу 65.000 брода имаат потреба од итни промени на екипажот.
Во таа насока, во првиот ден од мај, бродовите низ светот во знак на солидарност со морнарите, бродските екипажи и капетаните заглавени на нивните пловни објекти засвиреа со своите сирени. Пред да се покаже поддршката, Гај Платен, генералниот секретар на Меѓународната комора за транспорт, рече дека тоа ќе биде поздрав за оние несакани херои на глобалната трговија што беа зафатени во канџите на коронавирусот.