Вештачката интелигенција, Интернет на нештата и електричните возила повеќе не се само визии за иднината. Гледајќи кон наредната деценија, овие технолошки иновации се очекува да забележат голем подем, но и големи приходи за нивните производители.
Според прогнозите, глобалните годишни приходи за вештачка интелигенција се очекува да достигнат до 98,4 милијарди долари до 2023 година, што претставува годишна просечна стапка на пораст до околу 29 отсто до 2023 година. Иднината на електричните возила, исто така, се чини дека е многу безбедна. Блумберг предвидува дека до 2025 година годишно ќе се продаваат по десет милиони електрични возила. До 2030 година, дури и оваа солидна бројка ќе изгледа мала, ако се знае дека проекциите се движат до 28 милиони електрични возила продадени на годишно ниво.
Истовремено, бројот на уреди поврзани на Интернет се очекува да се зголеми повеќе од двојно во периодот од 2018 до 2030 година. Според прогнозите, во глобалното семејство на Интернет на нештата се очекува да се приклучат уште 50 милиони уреди. Кога станува збор за Интернетот, глобалната иницијатива за ширење на 5Г-мрежите е предвидена да биде еден од најголемите технолошки проекти од новата деценија. Во 2020 година, Ериксон очекува дека 1,1 отсто од паметните телефони ќе имаат мобилна претплата на 5Г-мрежи, а до 2025 година процентот ќе надмине 30 отсто.