Американски милијардери забележаа пораст на нивното богатство за 20 отсто од почетокот на пандемијата според анализата на Институтот за студирање на политиките и Американци за даночна праведност. Помеѓу 18 март и 17 јуни, вкупното нето-богатство на 643 милијардери во САД се зголемило од 2.900 милијарди долари на 3,5 милијарди долари, додека дополнителни 29 лица се приклучиле на клубот на милијардери. Додека нивното колективно богатство порасна за 584 милијарди долари, околу 45,5 милиони Американци се пријавија како невработени.
Најбогатите пет милијардери во земјата, Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Ворен Бафет и Лари Елисон, забележаа пораст на нивното богатство за 101,7 милијарда долари, или 26 отсто, од првичните карантински мерки што беа воведени во САД. Богатството на Безос се зголеми за 38,6 отсто (за 43,7 милијарди долари) додека богатството на Закерберг се зголеми за 58,6 отсто (32 милијарди долари). Надвор од првите пет, 12 американски милијардери го удвоија своето богатство за време на пандемијата и еден од нив, Тревор Милтон, го зголеми своето богатство за повеќе од пет пати.
Нивото на нееднаквост во САД е истакнато со фактот што вкупното американско богатство на милијардерите се зголеми двојно повеќе отколку што федералната влада им исплати еднократна помош на 150 милиони Американци. Коментирајќи ги наодите на извештајот, извршниот директор на Американци за даночна праведност, Френк Климент, изјави дека оваа „оргија на богатство покажува колку фундаментално се нарушува американскиот економски систем“ и дека „ако оваа пандемија открие нешто, тоа е колку е нееднакво американското општество и колку тоа драстично мора да се промени“.