Индискиот премиер Нарендра Моди е политичар со највисок рејтинг меѓу изборот на светски лидери во анкетата објавена од „Морнинг консалтинг“. Сепак, рејтингот на Моди беше висок и пред кризата со коронавирус и единствено малку се подобри во текот на неа. На 17 март, 74 отсто од Индијците ја пофалија работата на премиерот и тој број се зголеми за осум проценти односно на 82 отсто на 19 мај.
Меѓу светските лидери кои увидоа дека нивниот рејтинг најмногу се подобрува во текот на кризата беа австралискиот премиер Скот Морисон и германската канцеларка Ангела Меркел. Оцените за рејтингот на Борис Џонсон се зголемија во април, кога премиерот на Британија се бореше со самиот коронавирус, но потоа беше намален на 55 проценти во мај кога имаше пораст на смртните случаи од ковид-19 во Велика Британија, оставајќи простор за мало зголемување од девет проценти во однос на март.
И покрај тоа што ја водеше земјата со најмногу случаи на коронавирус и смртни случаи во светот, рејтингот на претседателот на САД, Доналд Трамп, остана крајно стабилен за време на кризата, движејќи се само во опсегот од 4 процентни поени споредбено со јануари. Од друга страна, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се соочи со лоши бројки за неговиот рејтинг можеби поради неговите одлуки за попуштање на мерките за физичко дистанцирање. Рејтингот на Болсонаро во земјата падна за 17 проценти од март откако земјата во моментот го држи второто место по потврдени случаи од ковид-19 во светот.