Пред три децении, двете азиски суперсили постигнаа договор и создадоа разбирање да не се борат повеќе меѓусебно. Но Пекинг сега е многу посилен во компликуваната децениска врска со Њу Делхи и гради доминација како на регионалната така и на светската сцена
Тензиите меѓу Индија и Кина не се нови. Двете држави, кои ја делат најдолгата светска необележена граница, водеа вистинска војна во 1962 година и оттогаш па наваму се вклучени во неколку мали престрелки и конфликти. Од 1975 година не беше истрелан ниту еден куршум преку нивната заедничка граница. Како резултат на тоа, теоријата дека кинеско-индиските судири нема да излеат од лонецот и веројатно дека нема да доведат до пообемни борби во меѓувреме стана широко прифатен консензус. Сепак, неодамнешните настани сугерираат дека ескалациите во односите се повеќе од возможни. Двете страни имаат значителни и растечки воени распоредувања по претежно спорната граница. Дополнително повеќе од една деценија, Ослободителната народна армија (ПЛА) ја тестира воената готовност и политичката решеност на Индија во неколку стратегиски области. Мирот не може повеќе да се смета за реалност.
Најновите судири се случија на почетокот од овој месец. На 5 мај, индиски и кинески војници се судрија во близина на езерото Пангонг Цо во Ладах. Се верува дека судирот се случил затоа што ПЛА се спротивставила на индиските воени патроли во областа. Повеќето од овие судири очигледно произлегуваат од различните процени за локацијата на таканаречената линија на реална контрола, која во исто време де факто е меѓународна граница. И тогаш, на 9 мај, на надморска височина над 15.000 метри, во регионот Наку Ла кај Тибет, војници од обете страни дојдоа до судир и фрлаа камења едни на други претежно во обид да се натераат индиските трупи да се вратат назад од областите каде што беа на патролирање.
При судирот не биле користени оружја, но неколку десетици војници сепак беа повредени, меѓу кои и еден висок индиски офицер, за кого подоцна се побара со хеликоптер да биде префрлен во најблиската болница. По долг период на релативно тивката кинеско-индиска граница, милитаризираните инциденти повторно излегоа на виделина. Според индиската влада, кинеската војска преминала во индиската територија вкупно 1.025 пати во периодот меѓу 2016 и 2018 година. Со оглед на тоа што границите на Кина и Индија остануваат необележени, ваквите престапи веројатно се вкоренети во односите на двете земји, но и тоа како официјален Пекинг и Њу Делхи имаат перцепции врз обемот на нивните територии.
Во 2017 година, кога индиските и кинеските трупи се соочија едни со други речиси два месеци во Доклам, област за која Кина тврди дека било можно да се предизвика и сериозен воен судир. Додека таа конкретна криза се смируваше можеби е поучно да се смета дека тогашниот застој не беше сфатен како отстапување, туку како дел од нова фаза во односите меѓу двете земји. Старата фаза на односите датира уште од 1988 година, поточно една година по воените престрелки меѓу Индија и Кина во долината Сумдоронг Чу во Прадеш, кога индискиот премиер Раџив Ганди го посети својот колега Денг Ксиаопинг во Пекинг за да ги подобри односите.
Двајцата лидери се согласија да воспостават нов подобар однос, дури и покрај тоа што важните прашања како што е граничниот спор беше привремено подзаборавен. Причината за овој прагматизам беше вкоренета во економските и стратегиските фактори. И на Кина и на Индија им требаше стабилно надворешно опкружување за да го промовираат домашниот економски развој. Кина повеќе од деценија беше навлезена во драматичните економски реформи што ги започна Денг, додека Индија на Ганди, исто така, тргна по сличен пат и покрај големото двоумење.
Оттогаш, драматично се промени економскиот биланс на моќ меѓу Кина и Индија. Со 13,6 трилиони американски долари во 2018 година, БДП на Кина сега е повеќе од пет пати повеќе од 2,7 трилионите долари на Индија. Слично на тоа, Кина потроши 261,1 милијарда американски долари за трошоците за одбрана во 2019 година, што е скоро четири пати повеќе од вкупно 71,1 милијарда долари на Индија. Додека Индија растеше како економија и глобална сила во изминатите три децении, всушност нејзината релативна моќ кон Кина значително опадна.
Во меѓувреме, неодамнешните гранични судири меѓу Кина и Индија изгледаат позагрижувачки во контекст на оваа промена на моќта. Зделката Ганди – Денг го отвори патот за многубројни договори за гранично управување (вклучувајќи ги и оние од 1993 и 1996 година, поврзани со мерките за градење доверба и договорот од 2005 година за градење на политичките параметри околу границата). Неодамна, на самитот од високо значење меѓу лидерите на двете земји во Вухан одигра важна улога во управувањето со односите.
Сепак, дури и кога договорот од 1988 година дозволи релативно спокојство по должината на нивната граница и промовираше трговски врски помеѓу Кина и Индија, ниту еден од нивните проблеми вклучувајќи го и граничниот спор всушност не беше решен. Паралелно на се, Кина и Индија се наоѓаат во „исклучително комплексна врска“, ова е тврдењето на министерот за надворешни работи на Индија, Субраманим Џишанкар. Покрај граничниот спор, некои од основните теми во кинеско-индиското ривалство се вклучени и за Тибет (присуството на Далај Лама, тибетската влада во егзил и десетиците илјади лица прогонети во Индија). Овие проблеми станаа позабележливи во контекст на симултаната, но асиметрична растечка моќ на двете земји.
И додека Кина и Индија продолжуваат со своите препирки, Кина сè почесто ќе ја гледа Индија како неискрен ривал што не сака да го реши граничниот спор по услови поволни за Кина. Тековната фрагментација на глобалниот трговски систем (преку тарифи и ограничувања на инвестициите), како и трендот на растечки национализам низ светот, дополнително ќе ги тестира кинеско-индиските односи, бидејќи трговските преговори веројатно ќе станат спорни и компликувани.
Дополнително, со оглед на тоа што Пекинг го гледа Њу Делхи како главна пречка за остварување на своите амбиции да доминира во Азија, се навестува судир и нестабилност особено на слабо демаркираната кинеско-индиска граница. Освен доколку Кина не се појави како доминантна моќ во Јужна Азија (и на Индиски Океан). Со други зборови, паназиската доминација на Кина повеќе од јасно е дека ќе го интензивира тековното кинеско-индиско ривалство, бидејќи Индија во исто време бара силна позиција во регионот.
Во таа насока, за да се спречи спиралата со конфликти, Индија ќе треба да спроведе повеќеслојна стратегија, која ќе треба да вклучи и елементи за соработка како што е конференциска дипломатија и да работи заедно со меѓународните институции како што се Шангајската организација за соработка, новата банка за развој, но и Азиската банка за инвестиции и инфраструктура. Но сѐ додека овие напори за соработка не почнат, би можело во меѓувреме да се спречи поголемото гранично насилство, а двете земји да се осврнат на основните меѓудржавни проблеми. Сепак, недостигот на волја на Индија за значителни територијални отстапки дава сомнеж дека многу малку може да се направи на оваа тема за поправање на односите меѓу двете земји и за надминување на децениското ривалство.