Зелената партија на Ана Бербок се надева дека ќе стане дел од германската федерална влада, но останува да се види за какви политики ќе се залага, пишува Јенс Турау за „Дојче веле“
Промени во пратеничкото мнозинство во Бундестагот
Кога Зелената партија за првпат влезе во владејачката коалиција во 1998 година, тие освоија само 6,7 отсто на федералните избори таа година. Сега, 23 години подоцна, работите се многу различни.
Во последниве години, зелените ги урнаа бариерите за сите други партии, со исклучок на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД). Во германските покраини, тие се приклучија на коалиции со сите други големи партии, освен баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), иако формираа неколку коалиции со нејзината „голема сестра“, Демохристијанската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел.
Не единството на центарот, простор за докажување за другите
Партијата за заштита на животната средина одамна престана да се залага само за соработка со коалиции од левиот центар, што беше случај многу години. Тие сега покажуваат флексибилност како никогаш претходно. Некои критичари би рекле дека тие претходно немале вакви произволни манифести за политика.
Но сега се будат луѓето кои мораа да истраат на претходните партиски конвенции на зелените, гледајќи со часови хаотични расправии. Зелените покажуваат досега невидено единство, стојат обединети зад нивното партиско раководство и избегнуваат непријатни напади врз политичките противници. Тие зборуваат за одбрана на германскиот устав, што сè уште звучи чудно, центристички, што доаѓа од оваа партија. Фокусирани и концентрирани, тие се стремат да направат едно нешто јасно, а тоа е дека ништо повеќе нема да тргне наопаку на нивниот пат кон моќта.
Климатски и надворешни политики
Во однос на политиката, зелените останаа во голема мера доследни на нивните 40-годишни основни принципи. Тука спаѓаат заштитата на животната средина, особено борбата против климатските промени останува централна во нивната изборна програма, каде што партијата вели дека сака да ги намали штетните емисии на стакленички гасови за 70 отсто до 2030 година, што е амбициозно зголемување на целта во споредба со планот на актуелната влада, чија цел е да се постигне намалување од 55 отсто за истиот период.
За да се исполни оваа цел, таа ќе мора да ја забрза германската „енергетска транзиција“ кон обновливи извори, да обезбеди брза експанзија на обновливите извори на енергија и да го зголеми бројот на електрични автомобили на патиштата. Сето ова, исто така, го посакуваат и другите партии, но Зелените ќе мора да се борат за да ги постигнат своите високи стандарди.
Што се однесува до надворешната политика, се очекува да има многу континуитет кај зелените. Како и повеќето други партии, тие се играат на картата за силна Европа, или уште подобро, повторно сакаат да ја направат Европската Унија силна. Исто така, тие сакаат да се заживеат трансатлантските односи. Изолираните групи во партијата можеби сѐ уште мислат дека треба „да се излезе од НАТО“, но раководството и поголемиот дел од зелените гледаат поинаку.
Но, Зелената партија најверојатно ќе заземе критички пристап кон Русија и кон Кина. На пример, таа е против изградбата на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ од Русија преку Балтичко Море, кој владата на Меркел сè уште го брани.
Партијата отворено покажа поддршка за опозициските групи во Кина, Русија и во Белорусија. Може да се очекуваат појасни тонови од зелените во однос на Кина во врска со нејзиниот третман кон Ујгурите.
За силна инвестициска држава
Во однос на економската и социјалната политика, зелените имаат тенденција да фаворизираат силна држава и повисоки трошоци. Нивната изборна програма, која се финализира на партискиот конгрес во јуни, изобилува со скапи програми, на пример, за лица што сакаат да го променат своето работно место, за поголема дигитализација насекаде во Германија и воведување одржливи инвестиции. Останува да се види како ова ќе се вклопи во празната каса на буџетот откако ќе заврши пандемијата.
Исто така, останува нејасно како тоа би можело да се спроведе во коалиција со ЦДУ и ЦСУ, на пример, кои веќе рекоа дека сакаат што е можно побрзо да се вратат на долгогодишните свети германски политики на „црна нула“ или избалансиран буџет. Поради оваа причина, зелените сакаат повисоки даноци за оние со високи примања, што тешко би било изводливо во коалиција со ЦДУ и ЦСУ.
Против поголеми општествени поделби
Во однос на социјалните политика, зелените се фокусираат на борбата против ксенофобијата, расизмот и родовата неправда. И тие сакаат да помогнат во намалувањето на поларизација во државата. Тоа ќе биде тежок потфат, затоа што многу зелени политичари, како потпретседателката на Бундестагот, Клаудија Рот, станаа цел на омраза за крајната десница во Германија.
На сегашното раководство на зелените, кое има мошне помало искуство во владата, може да му помогнат цврстите темели, на пример, во парламентарната група и во сојузните држави.
Експертите за надворешна политика, како што е Омид Нурипур, експертите за Европа, како што е Франциска Брантнер, и искусните пратеници како Брита Хаселман, ги имаат сите потребни вештини. На денешните лидери на зелените повеќе не им се потребни совети од старите ветерани како Јошка Фишер, министерот за надворешни работи во владата на канцеларот Герхард Шредер, на кого многу од зелените му се обраќаа за совет и помош долго откако заврши неговата политичка кариера за да добијат свежи идеи.
Ако зелените влезат во владата или како помлад коалициски партнер, па дури и во кабинетот на канцеларот, тогаш барем еден важен круг ќе се затвори за зелените во 2022 година.
Тие ќе бидат на власт токму за да бидат сведоци на затворањето на последната германска нуклеарна централа, со што ќе победат во битката која беше дел од основните цели на партијата.
Но, исто така е можно денешните зелени, кои се прагматични во нивната природа, едноставно само да фаќаат белешки и да продолжат понатаму.